Фудбалерите на Арсенал се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако на Емирејтс го победија Баер Леверкузен со 2:0. Стрелци за Арсенал беа Еберечи Езе во 36 и Деклан Рајс во 63 минута од натпреварот.

Арсенал во четвртфиналето ќе игра против Спортинг од Лисабон кој ја надомести разликата од 3 гола од гостувањето во Боде. Во регуларниот тек од натпреварот Спортинг победи со 3:0, а со два гола во продолженијата вда пати по 15 минути се пласираше во четвртфиналето со победа од 5:0.

Пласман во четвртфиналето обезбеди и ПСЖ кој убедливо го победи Челси во Лондон со 3:0, како и Реал Мадрид кој победи на Етихад со Манчестер сити 2:1.  

Слични новости

Руската тенисерка Елена Рибакина победничка на Австралија опен

Руската тенисерка со казахстански пасош Елена Рибакина денеска стигна до својата втора Гренд слем титула откако во финалето на Австралија опен ја победи најдобрата тенисерка на светот Арина Сабаленка со 2:1 во сетови 6:4, 4:6 и 6:4.