Во дербито од 19-то коло од англиското фудбалско првенство, Арсенал ја победи Астон Вила со 4:1, зацврстувајќи ја својата позиција на врвот на табелата.

По израмнетото прво полувреме, „Топчиите“ го решија прашањето за победникот во првите 15 минути од второто полувреме постигнувајќи три гола. Арсенал поведе во 48. минута со голот на Габриел по корнер. Мартин Зубименди го зголеми резултатот на 2:0 четири минути подоцна по одличното додавање од Мартин Одегард, а во 69. минута Леандро Тросард постигна гол за 3:0 од работ на шеснаесетникот. Сите сомнежи околу победникот ги реши Габриел Жезус со брилијантен гол од 18 метри во 78. минута. Вила го ублажи поразот во четвртата минута од судиското продолжение со голот на Оли Воткинс.

Манчестер Јунајтед повторно ги разочара своите навивачи играјќи само 1:1 против „фенерџиите“ Вулверхемптон, кои го освоија само третиот бод оваа сезона. Јунајтед поведе во 27. минута со голот на Џошуа Зиркзи, а Ладислав Крејчи израмни во 45. минута. Во судиското продолжение, Јунајтед уште еднаш ја затресе мрежата на противникот, но голот на Патрик Доргу беше поништен поради бекфилдот.

Челзи и Борнмут одиграа 2:2, а сите четири гола беа постигнати во првиот половина час од натпреварот. На Борнмут му беа потребни шест минути да го шокира Челзи кога Дејвид Брукс погоди за водството. Кол Палмер израмни од пенал во 15. минута, а Енцо Фернандез го сврти резултатот во 23. минута. Сепак, само четири минути подоцна, Џастин Клајверт израмни за гостите. Со овој резултат, лондонскиот тим ја продолжи кризата, во последните седум лигашки натпревари, „Сините“ остварија само една победа.

Натпреварот помеѓу Вест Хем и Брајтон заврши со идентичен резултат. Стрелци за домаќините беа Џарод Бовен (10) и Лукас Пакета (45+4-11м), а за гостите Дени Велбек (32-11м) и Џоел Велтман (61). Велбек имаше шанса да постигне гол од пенал во 36-тата минута, но ја погоди пречката.

Њукасл Јунајтед го победи Барнли со 3:1 на гости, а Евертон исто така освои бодови на гостински терен со победа од 2:0 против Нотингем Форест.

Нема натпревари во среда, а колото завршува на првиот ден од јануари кога ќе играат Кристал Палас – Фулам, Ливерпул – Лидс Јунајтед, Брентфорд – Тотенхем и Сандерленд – Манчестер Сити.

Арсенал сега води со 45 бода, Манчестер Сити има пет бода помалку, но и натпревар помалку, додека Астон Вила е трета со 39 бода.

globe

Слични новости

Крај на кариерата на Линдзи Вон

Крај на кариерата на Линдзи Вон

Последните информации се дека таа ја скршила левата нога врз која и е извршена операција. Само два месеци пред почетокот на Олимписките игри Линдзи Вон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено