раководена од јавен обвинител открила куп оружје и тактичка опрема во неговата соба во скопски хостел, соопшти Јавното обвинителство.

Пред ноќен клуб во Градскиот парк вчера во раните утрински часови, осомничениот нападнал полицаец кој се обидел да го легитимира. Со удари со тупаници му нанел телесна повреда на полицаецот, а потоа бил совладан и кај него бил пронајден полуавтоматски пиштол “Глок” со калибар 9мм Para, како и две рамки со 30 куршуми за тој пиштол.

Потоа, откако истрагата утврдила дека Нигериецот престојува во хостел во Скопје, јавниот обвинител обезбедил наредба за претрес. Во собата во која престојувал било пронајдено поголемо количество оружје и муниција – уште еден пиштол “Глок”, три рамки со по 15 куршуми, дополнителни 75 куршуми во зипер ќеси, комплет за чистење оружје, три ножа, како и други предмети – фантомка, тактички ракавици, бандажери за раце, сајли за врзување, усб и хартиени документи, за кои е издадена наредба за вештачење.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

globe

Слични новости

Македонија на зимските олимписки игри со четворица претставници

Македонија на зимските олимписки игри со четворица претставници

Вечерва во Италија официјално ќе бидат отворени 25. Зимски олимписки игри (ЗОИ) Милано – Кортина 2026. Главната церемонија на свеченото отворање ќе почне вечерва во 20 часот на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано.