Арсенал е на првото место во Премиер лигата со седум бодови предност пред Манчестер сити, а во Лигата на шампионите има максимален учинок -седум победи од седум натпревари. Синоќа Арсенал го победи Интер на стадионот „Џузепе Меаца“ со 3:1, каде што минатата сезона испаднаа Баерн Минхен и Барцелона.

Костурот на Лигата на шампионите е познат и првите две првопласирани екипи ќе имаат предност на домашен терен во реваншите од елиминациската фаза, што значи дека во сите наредни натпревари Арсенал најпрвин ќе биде гостин, а потоа домаќин.

Второто место во Лигата на шампионите најверојатно ќе го заземат Баерн Минхен или Реал Мадрид, со тоа што првите два тима од групната фаза нема да може да се сретнат меѓу себе се до финалето, а првите четири до полуфиналето.

Слични новости

Бруно Фернандеш го собори рекордот на Дејвид Бекам по број на асистенции

Бруно Фернандеш го собори рекордот на Дејвид Бекам по број на асистенции

Бруно Фернандеш е повторно херој во препородениот тим на Манчестер јунајтед кој стигна до третото место во Премиер лигата. Иако не постигна гол против Астон Вила, Бруно имаше две асистенции со што стигна до 16 асистенции оваа сезона во Премиер лигата.

Арне Слот пред отказ од Ливерпул

Арне Слот пред отказ од Ливерпул

Ливерпул се трансформираше во тим без идентитет и слаби резултати, коментираат фудбалските аналитичари во Англија кои сметаат дека менаџерот Арне Слот не смее да остане на кормилото на Ливерпул