Ливерпул се трансформираше во тим без идентитет и слаби резултати, коментираат фудбалските аналитичари во Англија кои сметаат дека менаџерот Арне Слот не смее да остане на кормилото на Ливерпул дури и ако го мине Галатасарај во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Вчера Ливерпул одигра нерешено на „Енфилд“ против најслабиот тим во последните два месеца Тотенхем, со што ја продолжи серијата катастрофални резултати.
Слот има огромен кредит, затоа што минатата година во дебитантската сезона неочекувано ја освои титулата во Премиер лигата со тимот што му го остави Јирген Клоп, но по скапата реконструкција на тимот во кој беа вложени дури 450 милиони фунти и доведени најголемите фудбалски ѕвезди, Ливерпул игра непрепознатливо.
Унгарскиот фудбалер Доминик Собослај искрено изјави дека тимот мора да се разбуди, затоа што ако продолжи вака да игра, ќе бидат среќни ако наредната сезона се пласираат во Конференциската лига.
Поранешниот фудбалер на Ливерпул и фудбалски аналитичар Џејми Карагер порача дека ЛИверпул одиграл катастофално против Тотенхем, тимот кој во моментов е најпоскауван противник во Премиер лигата.
Слични новости
Тешка повреда на Емре Џан од Борусија
Некогашниот фудбалер на Ливерпул ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото што ќе го оддалечи од фудбалските терени подолг период.
Денвер поразен на домашен терен од Минесота
Денвер продолжи со серијата порази на домашен терен и падна на петтото место во Западната конференција, откако синоќа беше поразен од Минесота 117:108.
Тренерот на Брентфорд Кит Ендрјус го продолжи договорот до 2032
Тренерот На Брентфорд Кит Ендрјус го продожи договорот со клубот до 2032 година, официјално соопшти Брентфорд. Ирскиот тренер седна на клупата на тимот минатото лето, откако Томас Франк замина од Брентфорд за Тотенхем, каде што подоцна доби отказ.


