Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција (НАИ), предводена од ДУИ, е победник на вториот круг од предвремените локални избори за градоначалник на Општина Брвеница. Според неофицијалните информации, Јахији освоил околу 200 до 300 гласа повеќе од противкандидатот Стојанчо Радичевски од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Во првиот круг од изборите, Радичевски имаше предност со 2.945 освоени гласа, наспроти 2.152 гласа за Јахији.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по поразот на неговата партија во Брвеница напиша дека ВМРО-ДПМНЕ на изборите во Брвеница била сама против сите и дека поразот на нивниот кандидат е резултат на националната карта, демографијата и по некој „тројанец“ за одвлекување на гласови.

 

Слични новости

Во понеделник нова вонредна дератизација во Центар

Во понеделник нова вонредна дератизација во Центар

Општина Центар во понеделник повторно ќе спроведе вонредна дератизација на повеќе локации во општината, откако зголемено присуство на глодари било забележано и покрај тоа што претходната акција била спроведена пред само еден месец.

Филипче: Граѓаните на референдум да одлучат дали сакаат рудници во близина на своите домови

Филипче: Граѓаните на референдум да одлучат дали сакаат рудници во близина на своите домови

Филипче рече дека граѓаните мора да имаат право директно да одлучат дали во нивната непосредна околина ќе има рудници, особено во услови кога веќе постојат сериозни проблеми со квалитетот и безбедноста на водата