Најдобрата тенисерка во светот Белорусинката Арина Сабаленка се пласираше во полуфиналето на Австралија опен, откако денеска во четвртфиналето во Мелбурн ја победи Американката Ива Јовиќ со убедливи 6:3 и 6:0.
Сабаленка победе со 3:0 на стартот од мечот и потоа ја одржуваше предноста од три гема до крајот на сетот. Во вториот сет Сабаленка беше сјајна и не и допушти ниту еден гем на Американката со српско потекло.
Во полуфиналето Сабаленка ќе игра со победничката од мечот меѓу Медион Киз од САД и Украинката Елена Свитолина.
Слични новости
Новак Ѓоковиќ загуби од Џек Драјпер во осминафиналето на Индиан Велс
Ветеранот Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во четвртфиналето на мастерсот во Индијан Велс, откако беше поразен од Британецот Џек Драјпер со 6:4, 4:6 и 6:7. Неизвесната борба меѓу Ѓоковиќ и Драјпер траеше два часа и 35 минути.
По дебаклот на Манчестер Сити од 3:0 во Мадрид Пеп Гвардиола вели дека играле подобро од тоа што го покажува резултатот
Манчестер сити синоќа загуби со 3:0 на гостувањето кај Реал Мадрид во осмина финалниот меч од Лигата на шампионите, со блескава партија на Валверде кој ги постигна сите три гола за Реал.
Никола Јокиќ до 25-ти трипл дабл сезонава во победата на Денвер врз Хјустон
Ова е четврта година по ред во која Јокиќ постигнува 25 трипл-дабла, по што НБА лигата се огласи со соопштение дека српскиот центар испиша историја бидејќи стана првиот играч во НБА лигата што го достигнал ова остварување.


