Националните радиодифузери членки на ММА и јавниот сервис МРТ во писмено соопштение информираа дека се сериозно вознемирени од индициите дека со работењето на неколку нови телевизиски сервиси кои се креирани од српски блиски до државата компании се заобиколуваат и злоупотребуваат македонските закони.
ММА и МРТ имаат материјални докази дека спортските канали Arena M1, M2 и M3 Premium подолг период работат без домашна дозвола, а нашиот регулатор АВМУ на волшебен начин ги третира како странски програмски сервиси кои се реемитуваат во Македонија, иако продукцијата, новинарите, коментаторите и гостите се во Скопје, студиските емисии се произведуваат тука, а програмата се емитува на македонски јазик.
Дополнително, во евиденцијата на српскиот регулатор REM каналите Arena M1, M2 и M3 Premium не постојат што значи не се домицилни, српски канали – се вели во денешното соопштение.
Истовремено, во операторските евиденции одобрени од АВМУ овие канали се водат како странски сервиси кои емитуваат програма на српски јазик!
Слични новости
Ангелов: пожарот во парк шумата Гази Баба е ставен под контрола
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека пожарот во парк шумата во Гази Баба е ставен под контрола.
СДСМ: Тандемот Латас – Ивона Талевска е задолжен да го изгаси медиумското светло во име и за сметка на Мицкоски
Сега влегуваат Евроњуз и Ало групата на Вучиќ. Врз многу од преостанатите независни медиуми се врши силен финансиски и уреднички притисок. Тандемот Латас – Ивона Талевска е задолжен да го изгаси медиумското светло во име и за сметка на Мицкоски.
ВЛЕН: ДУИ ја обезвреднува албанската политика
„Ова раководство на ДУИ го мрази мнозинството Албанци кое ги испрати во опозиција. Блокираат Закон за правична застапеност и директно работат против еден од темелните принципи на Охридскиот договор, се вели во соопштението на ВЛЕН.


