Апелациониот суд во Скопје го забрани штрајкот на Струковиот синдикат на контролорите на летање. Синдикатот најави прес-конференција за утре, а адвокатот на М-НАВ вели дека и досегашните штрајкови на синдикатот на контролори на летање биле незаконски.
Тензиите меѓу М-НАВ и синдикатот на контролори на летање започнаа со најавата за петчасовен генерален штрајк во октомври минатата година, со кој ќе се затвореше македонското небо поради барања за подобри услови и департизација на институцијата.
Од синдикатот обвинуваа дека раководство прави нова систематизација за вработување на несуштински кадар, наместо контролори на лет, конкурс кој не се реализира и ќе пропадне.
Слични новости
Обвинителството ќе ја анализира пресудата па ќе донесе одлука дали да ја обжали пресудата за Талир 2
Јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе ја обжали ослободителната пресуда во предметот „Талир 2“ откако ќе ја добие и анализира писмено изработената пресуда и нејзиното образложение, изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески.
СДСМ обвини дека Македонија не е правна држава туку систем во кој Мицкоски одлучува кој е над законот
Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на денешната прес конференција обвини дека Македонија не е правна држава, туку контролиран систем во кој Христијан Мицкоски одлучува кој ќе биде над законот, а кој ќе биде прогонуван.
Кризната состојба за нафтата продолжена за уште три месеци поради ризици ризици во снабдувањето
Кризната состојба на пазарот со нафта и нафтени деривати продолжена за уште три месеци, поради скокот на цената на нафтата на светските берзи


