Селекторот на Бразил Карло Анчелоти планира поинаква постава против Хаити на вториот натпревар во групата од Светското првенство. Во првиот натпревар Бразил одигра нерешено со Мароко 1:1.

„Не сме задоволни, првиот натпревар не беше добар, особено првото полувреме. Но, против Хаити ќе играме поинаков натпревар со многу подобар квалитет“ најави Анчелоти.

Се очекува Данило да го замени Ибањез, а Матеуш Куња да почне на местото на Игор Тијаго. Неимар нема да биде со тимот и нема ниту да отпатува за Филаделфија, каде што ќе се одигра натпреварот.

Слични новости

Британските медиуми со остри критики за селекторот Тухел кој се повлече по водечкиот гол со Аргентина

Британските медиуми со остри критики за селекторот Тухел кој се повлече по водечкиот гол со Аргентина

Британските медиуми се бесни на тактиката на селекторот Томас Тухел кој по водечкиот гол одбра тактика да се брани, целосно ја препушти иницијативата на Аргентинците и се надеваше да не прими гол.

Аргентина во финалето на Светското првенство по пресврт против Англија

Аргентина во финалето на Светското првенство по пресврт против Англија

Во 85-тата минута по асистенција на Меси Енцо Фернадез постигна прекрасен гол од 20 метри. Во втората минута од судиското надополнување, Мекалистер шутираше и ја погоди стативата, топката се одби кај Меси кој центрираше и го пронајде Лаутаро Мартинез кој со глава и ја донесе победата на Аргентина.