Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта од денеска е во петдневна турнеја низ Западниот Балкан, а утре ќе биде во посета на Македонија. Кошта посетата на балканските земји ја почнува од Сараево, потоа оди во Тирана, од каде што ќе дојде во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски.
Премиерот Мицкоски изјави дека за време на посетата на Кошта на Скопје очекува да разменат повеќе идеи за надминување на пречката за интеграција на државата во Европската Унија од, како што рече, вештачко билатерално барање на една земја членка.
Антонио Кошта на крајот од балканската турнеја ќе копретседава на Самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи во црногорскиот град Тиват.
Слични новости
Приходите од придонесите не ги покриваат исплатите на пензиите – утвдри ревизорот во ФЗОМ
Државниот завод за ревизија во анализата за 2024 година утврди дека наплатените придонеси за пензиско и инвалидско осигурување не се доволни за покривање на расходите за пензии
Oдделот за имунологија на Детската клиника нема да функционира – пациентите ќе се препраќаат на други оддели
Одделот за имунологија на Детската клиника во Скопје привремено нема да функционира во досегашниот обем, а пациентите ќе бидат пренасочувани на други оддели.
Мицкоски се сретна со сопственици на маркети – се согласиле инфлацијата во јули да остане под 3%
Премиерот Христијан Мицкоски објави дека одржал работна средба со претставници на најголемите маркети во државата. Една од целите со која сите се согласиле е годишната стапка на промена на цените на основните прехранбени производи да биде под 3%.


