Австралискиот тренер од грчко потекло Ангелос Постекоглу е пред отказ во Нотингем Форест, пишува Би Би Си. Мечот што неговиот тим ќе го игра против Нукасл в недела би можел да биде и последен за поранешниот тренер на Тотенхем и Селтик на клубата на Нотингем.
Нотингем форест нема забележано ниту една победа во шесте кола откако Постекоглу го замени на клупата Нуно Еспирито Санто, а по поразот на домашен терен од 3:2 против Митиленд во Лига Европа навивачите му порачаа дека ќе добие отказ.
Упрвата на клубот сеуште стои зад Постекоглу пред гостувањето во Њукасл, иако Постекоглу не разговараше со сопственикот на тимот Ангелос Маринакис по поразот во Лига Европа. За поразот во натпреварувањето Постекоглу прокоментира дека минатата сезона ја освои Лига Европа со Тотенхем, а сепак доби отказ.
Слични новости
Денвер го декласираше Голден Стејт со доминација на Јокиќ
Најдобар поединец на теренот повторно беше српскиот центар Никола Јокиќ кој постигна 26 поени, 9 скокови и 9 асистенции, но поради високата предност воопшто не влезе во игра во последната четвртина од натпреварот.
Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на тенискиот турнир во Атина
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска во финалето на тенискиот турнир во Атина ќе се бори за својот 101-ви трофеј во кариерата, откако во полуфиналето го совлада германскиот тенисер Јаник Ханфман со 2:0 во сетови
ФИФА ги објави кандидатите за наградата за најдобрите
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја објави листата на кандидати за најдобар играч, тренер и голман во женската и машката конкуренција за 2025 година


