Повеќе од 100 000 визи на странски државјани  поништи Американскиот Стејт департмент во 2025, што е двојно повеќе од 2024 година – последната година од администрацијата на експретседателот Џо Бајден.

Поголемиот дел од поништените визи се на туристи и деловни лица кои престојувале во САД и по истекот на документот кој им е издаден.

Поништени се и околу 8 000 студентски визи и 2 500 специјализирани визи за работа на лица кои имале судир со законот за време на престојот во САД, односно се осудени или обвинети за некое кривично дело, вклучувајќи напад, кражба или возење под дејство на алкохол.

Ќе продолжиме да ги депортираме бандитите за да ја одржиме Америка безбедна, се вели во соопштението од Стејт департментот.

 

Слични новости

Норвешката полиција го истражува поранешниот премиер Јагланд за врските со Епштајн

Норвешката полиција го истражува поранешниот премиер Јагланд за врските со Епштајн

Норвешката полиција во четвртокот соопшти дека отворила истрага за „отежната корупција“ против поранешниот премиер Торбјорн Јагланд поради неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.

Атентат врз руски генерал во Москва

Атентат врз руски генерал во Москва

Високиот генерал во руската војска Владимир Алексеев е застрелан неколкупати и ранет во Москва. Генерал-полковникот Алексеев беше превезен во болница веднаш по нападот во станбена зграда во северозападниот дел на градот и неговата состојба е непозната.