Репрезентацијата на САД денеска се пласираше во осминафиналето на Светското првенство во фудбал откако во санта Клара ја победи Босна и Херцеговина со 2:0.

Избраниците на Покетино ја оправдаа фаворитската улога и беа подобри на теренот, иако во второто полувреме останаа со играч помалку, откако по асистенцијата на ВАР собата му беше покажан црвен картон на стрелецот на првиот гол за САД Фоларин Балогун.

Златан Ибрахимовиќ искоментира дека САД имаа причина да се распаднат како селекција, но се покажаа многу силни. „Најпрвин им беше поништен гол, потоа останаа и со играч помалку по исклучувањето на Балагун, но продолжија да вршат притисок и на теренот изгледаше како Американците да имаат играч повеќе“ прокоментира Ибрахимовиќ.

Слични новости

Златната топка за Родри, Симон најдобар голман, Кубарси најдобар млад фудбалер

Златната топка за Родри, Симон најдобар голман, Кубарси најдобар млад фудбалер

Капитенот на фудбалската репрезентација на Шпанија Родри е добитник на наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер на Мундијалот. Играчот за врска на Шпанија изигра особено квалитетно во полуфиналето и финалето против Франција и Аргентина, кога средниот ред на Шпанците убедливо ги надигра противниците.

Шпанија стана Светски шампион во фудбал

Шпанија стана Светски шампион во фудбал

Синоќа во Њујорк заврши Светското првенство во фудбал, а нов светски првак е Шпанија која во финалето сосема заслужено ја победи Аргентина со 1:0 во продолженијата. Стрелец на победничкиот голот беше Феран Торес во 106-тата минута