Вашингтон би можел да ја преземе контролата врз Гренланд во наредните месеци, наведува Политико повикувајќи се на американски официјални лица и експерти.

Како што се наведува, тоа е можно да се случи пред ноемвриските избори во Америка или до 4-ти јули кога се слават 250 годиниод американската независност. Ризикот од таквиот развој на настаните се смета дека е „реален и сериозен“.

Политико нагласува дека Белата куќа веројатно ќе заземе поинаков пристап кон Гренланд од она што го направи во Венецуела. Наместо воена сила, САД би можеле да прибегнат кон политички притисок и можно подмитување на локалните власти.

Стручњаците сметаат дека таква операција на САД би можела да предизвика длабоки поделби меѓу сојузниците во НАТО и ЕУ, отколку актуелната поддршка на Украина.

Според нивното мислење, Гренланд нема да ја добие истата солидарност во светот како што ја имаше Киев.

 

Слични новости

Иран го затвори Ормускиот мореуз

Иран го затвори Ормускиот мореуз

Ова е прв пат Иран да го затвори овој клучен воден пат, низ кој минува 20 насто од светската нафта, откако САД почнаа да му се закануваат на Иран и да испраќаат воена опрема во регионот.