Повеќе од 54 милиони Американци веќе гласаа за изборите за Конгресот, пренесе американската телевизија Си Ен Ен. Во многу сојузни држави каде што се води неизвесна борба, бројот на рани гласови веќе го надмина нивото забележано пред четири години.

Изборите на средина од мандатот за Конгресот и Сенатот се одржуваат утре, а право на глас на овие избори имаат околу 210 милиони Американци.

Според анкетите, демократите имаат преднот пред републиканците, особено прогресивните кандидати на демократската партија во споредба со умерените.

Американските медиуми најавуваат дека има големи индиции за голем излезност на црните гласачи, кои на овие избори бо можеле да предизвикаат ефект на „сино цунами“ и мнозинство на демократите и во Конгресот и во Сенатот.

Слични новости

САД: Дозволата за работа странските студенти би можела да ги чини 70.000 долари, наместо досегашните 500

САД: Дозволата за работа странските студенти би можела да ги чини 70.000 долари, наместо досегашните 500

Мерката е дел од пошироката кампања на претседателот Доналд Трамп насочена кон странците со работни визи. Се очекува мерката на американската влада, како и сите други контроверзни мерки досега да биде оспорена на суд.