Односите меѓу САД и Израел влегоа во една од најчувствителните фази последните години, откако преодниот договор меѓу Вашингтон и Техеран предизвика остри реакции во Израел и го отвори прашањето дали стратегиските интереси на двата најблиски сојузници на Блискиот исток сериозно се разидуваат.

 

Како што пишува „Фајненшал тајмс“ израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху до пред само четири месеци веруваше дека се остварува неговата долгогодишна цел, заеднички притисок на САД и Израел врз Иран.

Меѓутоа, тоа што во Израел беше претставувано како решителна пресметка со нејголемиот регионален противник, сега во делот на израелската јавност се толкува како крупен дипломатски и стратегиски пораз.  

Посебно незадоволство предизвика последниот договор меѓу Вашингтон и Техеран, кој во Израел го гледаат како отстапка кон Иран и како што тврдат не содржи гаранции во врска со иранската нуклеарна програма, балистичките ракети и дејствувањето на иранските сојузници во регионот.

Слични новости

САД извршија нови удари врз Иран, Техеран возврати со напади врз Бахреин и Кувајт

САД извршија нови удари врз Иран, Техеран возврати со напади врз Бахреин и Кувајт

Најновите напади покажуваат дека САД и Иран се приближуваат кон општа војна по распадот на минатомесечниот привремен договор кој требаше крајно да ги оконча судирите. Истовремено, речиси е целосно запрен поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.

Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи

Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи

Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.