Американските нафтени компании бараат „силни правни и финансиски гаранци“ од администрацијата на САД пред да донесат одлука за значајни вложувања во енергетскиот сектор на Венецуела, објави „Фајненшал тајмс“.

Весникот објавува дека претседателот Трамп планита во петок во Белата куќа да одржи состанок со раководителите на водечките американски енергетски компании меѓу кои се Chevron, ExxonMobil, l ConocoPhillips, за да се разговара за можностите за зголемување на нафтеното производство во Венецуела.

Фајненшал тајмс објавува дека челниците на нафтените корпорации јасно ставиле до знаење дека без силни гаранции на американската влада нема да бидат подготвени повторно да го изложуваат капиталот на ризици кои во минатото доведоа до загуби од десетици милијарди долари.  

Слични новости

Цените на нафтата и гасот во режим на паника

Цените на нафтата и гасот во режим на паника

Цената на нафтата Брент денеска се покачи за 4,79 насто на 96,3 долаи по барел, а сировата нафта скокна за 4,29 насто на 91 долар за барел. Експертите сметаат дека цените на енергентите на берзите и натаму се во режим на паника.