Неколку стотици командоси, припадници на единицата за специјални операции стигнаа на Блискиот исток каде што им се придружија на неколкуте илјади маринци и падобранци на војската, соопштија официјални американски воени претставници.

„Њујорк тајмс“ објави дека доаѓањето на специјалните единици има за цел да му даде дополнителни опции на американскиот претседател Доналд Трамп за проширување на војната со Иран. Специјалните единици би можеле да бидат распоредени во заштита на Ормутскиот теснец кој Иран го затвори или во мисија на заземање на островото Харг, иранскиот нафтен јазол во северниот Персиски залив.

Меѓу потенцијалните мисии е и изнесувањето на иранскиот високо обогатен ураниум од нуклеарната постројка Исфахан.

Слични новости

Иран тврди дека го погоди американски носач на авиони „Абрахам Линколн“ кој наводно ја напушта позицијата

Иранската државна телевизија ИРИБ извести дека иранските сили го погодија американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ стациониран во регионот, откако извршија напад врз носачот со крстосувачки ракети.