Акциите на американските берзи изминатата недела забележаа пораст, пред се благодарение на технолошките компании, односно продолжувањето на оптимизмот на инвеститорите во врска со развојот на вештачката интелигенција.

Кај 500-те најбогати американски компании С и П 500 забележан е раст на берзите од 0,3 насто. Најголем придонес за растот даде производителот на чипови Енвидија, чии акции поскапеа за повеќе од 3 насто.

Голем раст има и компанијата Мета, со раст од 5 насто, што е најдобра недела за Мета од почетокот на 2024 година.

Слични новости

Грција ја намалува задолженоста

Грција ја намалува задолженоста

Во Министерството за финансии разгледуваат предвремена отплата на речиси 13 милијарди евра од долгот до крајот на годината, наместо планираните девет милијарди евра.

Инвеститорите оптимистични: Подобрена оценката за актуелната ситуација со германската економија

Инвеститорите оптимистични: Подобрена оценката за актуелната ситуација со германската економија

Расположението на германските инвеститори во август порасна на највисоко ниво, покажуваат резултатите на центарот за економски истражувања Лајбниц. Вредноста на индикаторите што ги мерат економските очекувања во иднина за Германија изнесува 34,2 поени, што е раст од 7,9 поени во однос на јули.