Акциите на американските берзи синоќа паднаа откако претседателот на Федералните резерви Кевин Ворш изрази загриженост поради движењето на инфлацијата.

Берзанскиот индекс на Си П 500 ослабна за 0,3 насто, НАСДАК падна за 0,5 насто, а Дау Џоунс за 0,1 насто, пренесе американската телевизиска мрежа Си Ен Би Си.

Претседателот на ФЕД изјави дека најновите податоци за индексот на цените на личната потрошувачка и на цените на потрошувачката се нешто подобри од очекувањата, но дека не укажуваат на значително подобрување на инфлаторните трендови.

 

Слични новости

Годишната инфлација во Бугарија порасна на 6,1 насто во октомври

Годишната инфлација во Бугарија порасна на 6,1 насто во октомври

Годишната инфлација во Бугарија порасна во октомври на 6,1 насто од 5,7 насто колку што изнесуваше во септември и сега е највисока за последните пет месеци, покажува најновиот извештај на бугарскиот национален институт за статистика.