Акциите на американските берзи синоќа го завршија тргувањето главно во плус, пред се поради растот во технолошкиот сектор.
Инвеститорите се вратија на купувањето акции на големите технолошки компании по неодамнешниот пад, додека ги следеа резултатите за изборите во американскиот Конгрес и Сенат, пренесува Си Ен Би Си.
Технолошкиот индекс НАСДАК порасна за 1,1 насто, С и П 500 порасна за 0,6 насто, а индустриската берза Даѕ Џоунс ослабна за 0,2 проценти.
Слични новости
Падот на акциите на технолошките копании го урна оптимизмот на американските берзи
Падот на вредноста на производителите на чипови влијаеше на целиот пазар, па акциите на компанијата „Мајкрон технолоџи“ отидоа во минус за повеќе од пет насто, додека „АМД“ и „Бродком“ ослабнаа за 3, односно 2 насто.