Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека не планира да ја есклаира војната со Иран, откако завршија изборите за Конгресот во САД на половина од мандатот. Трамп во интервјуто за емисијата „60 минути“ рече дека не сака да ја есклаира војната со Иран, а и дека нема причини за такво нешто.

Трамп рече дека републиканската партија загубила повеќе од 40 места во Конгресот и најмалку 7 во Сенатот, затоа што на избирачите не им се допаднала војната во Иран и растот на цените на горивата што ги предизвика војната.

За претседателските избори во 2028 Трамп рече дека најверојатно ќе му даде поддршка на кандидатот на републиканците, но не и нужно. Тој најави дека освен потпретседателот Џеј Ди Венс и државниот секретар Марк Рубио, како потенцијални кандидати за претседателската номинација се и некои сенатори на републиканците кои се одлични.

Слични новости

Иран испука повеќе балистички ракети врз американски носач на авиони и разурнувач

Иран испука повеќе балистички ракети врз американски носач на авиони и разурнувач

Како што пренесува новинската агенција Тасним, Револуционерната гарда наведува дека овие два брода, откако претрпеле оштетувања и од страв од понатамошни напади биле принудени да побегнат од зоната на судирот.

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Американскиот портал „Аксиос“ објави во петокот дека Виткоф и Кушнер ќе ги посетат Москва и Киев овој викенд за да разговараат за начините за решавање на конфликтот во Украина.