Американската војска во среда соопшти, објави Reuters, дека извршила смртоносен напад врз брод во источен Пацифик. Американската војска, исто така, потврди дека убила четворица мажи.

„Разузнавањето потврди дека нападнатиот брод се движел по позната рута за трговија со дрога во источен Пацифик и бил вклучен во операции за шверц“, соопшти Јужната команда на САД во објава на X.

Нападот е продолжение на кампањата што ја започна американскиот претседател Доналд Трамп наводно за да се спречи дрогата да стигне до Соединетите држави.

Порано оваа седмица, американската војска изврши три напада на слични дестинации, при што загинаа осум лица. Досега, речиси сто наводно осомничени криумчари на дрога се убиени во овие напади.

globe

Слични новости

Обвинителството во Хаг побара по 45 години затвор за поранешните лидери на ОВК

Обвинителството во Хаг побара по 45 години затвор за поранешните лидери на ОВК

Главната обвинителка Ким Вест му предложи на судот да ги осуди Хашим Тачи, Кадри Вејсели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи по сите 10 точки од обвинението, поради нивниот личен придонес во кривичните дела.

Киднапиран венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа

Киднапиран венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа е киднапиран во Каракас околу полноќ по локално време, само неколку часа откако беше ослободен од затвор, објави опозициската лидерка и добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо.