Американската војска тврди дека нападнала и уништила 16 ирански бродови за поставување мини во близина на Ормускиот теснец, откако се појавија извештаи дека Иран почнал да поставува експлозивни направи во овој стратешки важен поморски пат.
Централната команда на американската армија тврди дека меѓу целите „елиминирани“ во вторник се вклучени 16 поставувачи на мини во близина на Ормутскиот теснец.
Снимките шти го објави Пентагон покажуваат бродови со различни големини како експлодираат откако ќе бидат погодени со проектили.
Начелникот на генералштабот на армијата на САД генерал Ден Кејн изјави дека уништувањето на иранската морнарица е меѓу трите клучни цели на операцијата на САД и Израел наречена „Епски бес“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно се закани дека ќе ги уништи сите ирански бродови што ќе се обидат да го минираат Ормутскиот теснец – клучен меѓународен бродски канал на Блискиот Исток каде што контејнерските бродови се нападнати.
Слични новости
Цената на нафтата Брент денеска под 100 долари за барел
Според податоците на берзата, цената на сировата нафта падна за 6,02 насто на 86,77 долари по барел, а цената на нафтата Брент падна за 5,82 насто на 97,72 долари.
Израел ги бомбардираше постројките за производство на ракети во Техеран
Одбранбените сили на Израел ИДФ соопштија дека нивното воено воздухопловтсво ги бомбардираше постројките во Техеран кои произведуваат крстосувачки ракети од долг дострел.
Израел срамни со земја зграда во Бејрут за која тврди дека била команден центар на Хезболах
Одбранбените сили на Израел соопштија дека во текот на ноќта израелското воено воздухопловство срамнило со земја повеќекатница во главниот град на Либан Бејрут за која Тел Авив тврди дека била команден центар на Хезболах.


