Амбасада на САД во Македонија: „Можеме да потврдиме дека амбасадорката Агелер е меѓу оние кои се отповикани како дел од неодамнешната одлука што влијае на околу 30 амбасадори на САД. Длабоко сме и благодарни на амбасадорката Агелер за нејзината служба во Северна Македонија во изминатите три години и сме посветени на обезбедување непречена и ефективна транзиција што ќе им даде приоритет на мисијата на САД и нашите дипломатски односи. Амбасадата ќе продолжи да работи нормално во текот на овој процес. “
Од Стејт департментот не ги коментираа промените но соопштија дека се работи за стандарден процес во секоја администрација…Најмногу смени има во Африка, каде се повлечени амбасадорите од 13 земји ..На второ место е Азија со промени на амбасадорите во шест држави..Во Европа, покрај во Македонија, смени ќе има и во Ерменија, Црна Гора и Словачка…
Според Политико, промените се обид за преобликување на американските дипломатски претставништва и поставување кадар, за кој се смета дека целосно ги поддржува приоритетите на трамп за америка на прво место…..
Агелер беше номинирана за амбасадорка на сад во македонија од администрацијата на џо бајден во мај 2022 година. По процесот на одобрување, таа ги предаде акредитивните писма на 8 ноември 2022 година.
Слични новости
ССМ утре почнува со блокади, најпрвин на парламентот
ССМ бара раст на минималецот на 600 евра, а сите останати плати да се зголемат за најмалку 100 евра. Премиерот пак стои на ставот дека зголемувањето на платите ќе се одвива според законското решение.
Почувствуван земјотрес во Тетово и околината, епицентарот бил во Косово
Синоќа во 23 и 10 е почувствуван земјотрес во Тетово и во околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала
ВМРО ДПМНЕ го обвини Заев дека го брани нарко картелот во Македонија
Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во неделата рано изутрина. Нервозната реакција е јасен знак дека Заев се чувствува директно погоден и разоткриен, откако вистината почна да излегува на виделина


