Американската компанија „Амазон“ која во првата половина на 2025 оствари профит повисок од 35 милијарди долари, отпушта десетици илјади луѓе. Како причина за овој потег на компанијата се наведува желбата за намалување на трошоците и работење како „најголем светски старт ап“, пренесува Си Ен Ен.
Компанијата планира оваа година да потроши повеќе од 120 милијарди долари за развој на вештачката интелигенција.
Потегот на Амазон го одразува поширокиот тренд во американските технолошки корпорации кои го намалуваат бројот на вработените поради непредвидливата трговска војна и потенцијалната револуција на вештачката интелигенција.
Неодамна „Мајкрософт“ и „Мета“ отпиштија илјадници вработени, а УПС оваа година укина 48 000 работни места.
Слични новости
Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД
Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица
САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен
Кремљ го поздрави потегот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја ревидира својата стратегија за национална безбедност и да престане да ја нарекува Русија „директна закана“, изјави во неделата портпаролот Дмитриј Песков
Најмалку 23 мртви во пожар во ноќен клуб во Гоа
Најмалку 23 лица, меѓу кои и неколку странски туристи, загинаа во пожар во популарниот ноќен клуб Арпори во индиската држава Гоа


