АЛТА банка АД Битола информира дека е ликвидна и продолжува со редовно и непречено работење, во услови на актуелните случувања поврзани со АЛТА банка во Република Србија.

Од Банката посочуваат дека станува збор за самостојно правно лице, регистрирано во Република Северна Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива и е под непосредна супервизија на Народната банка на Република Северна Македонија.

Според соопштението, сите експозитури и банкомати функционираат во вообичаениот режим, а клиентите имаат непречен пристап до своите средства.

Тие можат слободно да располагаат со депозитите, да подигнуваат готовина и да ги извршуваат сите банкарски трансакции согласно редовните услови на работење.

Банката дополнително посочува дека располага со сопствен капитал, средства и обврски и дека нејзиното работење е под континуирана супервизија на Народната банка. Депозитите на физичките лица, пак, се осигурени преку Фондот за осигурување на депозити, согласно законските услови и утврдените лимити.

 

Слични новости

Македонија одбележува 35 години независност

Македонија одбележува 35 години независност

На 8 септември 1991 година, граѓаните на Македонија на историскиот референдум со убедливо „за“ ја потврдија волјата за суверена и самостојна држава. Референдумското изјаснување претставуваше пресвртница со која започна процесот на создавање независна македонска држава