АЛТА банка АД Битола информира дека е ликвидна и продолжува со редовно и непречено работење, во услови на актуелните случувања поврзани со АЛТА банка во Република Србија.
Од Банката посочуваат дека станува збор за самостојно правно лице, регистрирано во Република Северна Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива и е под непосредна супервизија на Народната банка на Република Северна Македонија.
Според соопштението, сите експозитури и банкомати функционираат во вообичаениот режим, а клиентите имаат непречен пристап до своите средства.
Тие можат слободно да располагаат со депозитите, да подигнуваат готовина и да ги извршуваат сите банкарски трансакции согласно редовните услови на работење.
Банката дополнително посочува дека располага со сопствен капитал, средства и обврски и дека нејзиното работење е под континуирана супервизија на Народната банка. Депозитите на физичките лица, пак, се осигурени преку Фондот за осигурување на депозити, согласно законските услови и утврдените лимити.
Слични новости
СДСМ: Во тек е голема пљачка на Македонија
СДСМ тврди дека „арамијата Мицкоски ја распродава Македонија и ја претвора во депонија за туѓи бизнис интереси“. Во тек е голема пљачка на Македонија!“ рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
ВМРО ДПМНЕ : На Филипче цел свет му е виновен, никако да разбере дека СДСМ се распаѓа поради него
Никој не му е виновен на Филипче што СДСМ се распаѓа. На ВМРО ДПМНЕ му оговара ваков СДСМ со него на чело, се вели во соопштението на владејачката партија.
Истекува мерката намалено ДДВ за дизелот – се чека Регулаторна да ги објави новите цени на горивата
Мерката со која ДДВ за дизел-горивото беше намалено од 18 на 10 проценти истекува денеска. Намалената стапка се применува од 15 септември, а Владата треба да одлучи дали истата ќе биде продолжена и во следните две недели.


