Народната банка ја објави постапката за продажба на доминантниот акционерски пакет во Банката. Станува збор за 372.742 обични акции, односно 95,336% од вкупниот број акции, во сопственост на „Алта банка“ АД Белград – во стечај.

Продажбата ќе се спроведе преку Македонската берза на хартии од вредност, по моделот „сè или ништо“, што значи дека се продава целиот понуден акционерски пакет, без можност за купување само на дел од акциите.

Првата јавна берзанска аукција е закажана за 30 ноември 2026 година. Почетната цена е утврдена врз основа на тековната берзанска цена и изнесува 3.777 денари по акција.

Доколку акциите не бидат продадени на првата аукција, следните аукции ќе се одржуваат последователно, на 1, 2, 3, 4 и 7 декември 2026 година. На секоја наредна аукција почетната цена ќе биде намалена за 10% во однос на почетната цена на претходната аукција.

Заинтересираните инвеститори треба најдоцна до 19 ноември 2026 година да достават барање до Народната банка за добивање претходна согласност за стекнување квалификувано учество во Банката, како и писмена изјава дека ќе ги уплатат средствата потребни за купување на акциите.

 

Слични новости

Парното поскапува од Нова година

Парното поскапува од Нова година

Премиерот оцени дека бараното поскапување е „многу големо“, но дека Владата ќе се бори тоа да не биде алармантно. РКЕ треба да ги провери трошоците и да одлучи колку од нив се оправдани.

Предлог – Буџетот за 2027 влезе во собрание – Буџетскиот дефицит е планиран на 3,5 отсто од БДП

Предлог – Буџетот за 2027 влезе во собрание – Буџетскиот дефицит е планиран на 3,5 отсто од БДП

Во услови на криза околу случувањата на Алба банка, денеска во комисијата на финансирање и буџет започнува и расправата за предлог-буџетот за 2027 година, кој предвидува приходи од 395,4 милијарди и расходи од 440,4 милијарди денари.