Шпанецот Карлос Алкараз кој е прв на АТП листата го победи Италијанецот Јаник Синер со 2:0 во сетови во егзибициски меч што се одигра денеска во Јужна Кореја.

Дуелот на двајцата тенисери кои во моментов доминираат, пред околу 15 000 гледачи, беше увертира за Австралија опен, првиот гренд слем во сезоната кој почнува на 18 јануари.

За овој егзибициски меч, двајцата тенисери добија по 2 милиони евра. Иако мечот имаше натпреварувачки интензитет, тој сепак протече во ревијална атмосфера, со голем број на атрактивни потези и интеракција со публиката.

 

Слични новости

Данска-Македонија 36:24, клучните натпревари против Португалија и Романија

Данска-Македонија 36:24, клучните натпревари против Португалија и Романија

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Филип Кузмановски изјави по вечерашниот пораз од Данска (24-36) на отворањето на Европското првенство, дека клучните дуели во групата Б допрва претстојат против Португалија и Романија.