Али Ахмети останува на кормилото на ДУИ и во говорот во кој наведе дека партијата се залага за унитарен карактер на државата, независно и неселективно правосудство и за враќање на доверба во институциите предложи проширена примена на Бадентер во Собранието при избор на влада и во Уставниот суд.
Унитарната држава може да биде функционална и стабилна само доколку се темели врз довербата и лојалноста на сите заедници што живеат во неа, рече Али Ахмети во говорот на Конгресот.
Во таа насока, тој предложи три клучни мерки кои обезбедуваат правична застапеност, функционална еднаквост и општествена кохезија, во духот на Рамковниот договор од Охрид.
Секој нов состав на Владата да ја добие довербата на Собранието не само со мнозинство од вкупниот број пратеници, туку и со мнозинство од пратениците кои ги претставуваат немнозинските заедници, а истото да важи и за Уставниот суд.
Конгресот на ДУИ доаѓа по два изборни циклуси во кои имаат поголем број на гласови од ривалот во албанскиот корпус, но останаа и надвор од владата и без градоначалнички позиции во големи општини кои ги држеа со децении.
Слични новости
СДСМ: Владата планира да потроши 100 милиони евра за нов авион
СДСМ ја обвини Владата дека планира да потроши околу 100 милиони евра за набавка на нов владин авион, наместо средствата да се насочат кон зголемување на платите
Панчевски најави кривична пријава за членовите на Советот на обвинители, откако беше дисквалификуван за функцијата Јавен обвинител
Откако не влезе во трката за Државен јавен обвинител и не доби зелено светло од Советот на јавни обвинители, кандидатот Владимир Панчевски, преку соопштение на Фејсбук напиша дека ќе им поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба на членовите на Советот.
Нино Васев останува во притвор
Кривичниот совет на Основниот кривичен суд – Скопје го одби предлогот на одбраната за укинување на притворот на обвинетите Нино Васев и Нехат Нухи во случајот „Онкологија 2“, иако беа понудени имотни гаранции од над 350.000 евра.


