Крилото на Алијансата на Албанците предводено од Зијадин Села, изразува длабока загриженост во врска со фактот што Македонија не е вклучена во меѓународната иницијатива „Одбор за мир“, иницирана од американскиот претседател Доналд Трамп, при што забележуваат дека веќе се одредени земјите-членки од регионот.

Оваа партија вели дека ова невклучување не може да биде случајност туку го одразува, како што истакнуваат, недостатокот на политичка тежина на актуелната Влада.

-Фактот што Косово, Албанија, Бугарија и Турција се поканети да бидат дел од оваа платформа, додека Македонија е наведена на списокот на земји кои дури и не се поканети, претставува сериозен алармен сигнал за меѓународната позиција и дипломатскиот кредибилитет на нашата држава.

Слични новости

Големи гужви на граничните премини кон Грција

Големи гужви на граничните премини кон Грција

Најголеми гужви се забележуваат на ГП Богородица, каде колоните возила се протегаат со километри, а чекањето трае со часови. Според информации од терен, меѓуграничниот простор е целосно исполнет, додека бројот на возила постојано расте.