Денеска во Министерството за здравство се одржа првата конститутивна седница на Здравствениот совет, на која присуствуваше и министерот за здравство, Азир Алиу.
Здравствениот совет, како советодавно тело на министерот за здравство согласно Законот за здравствена заштита е составен од девет члена – еминентни професори, доктори на науки во различни специјалности, од кои дел се и меѓународно признаени експерти со импресивни биографии и стручни трудови.
„Целта е Здравствениот совет тековно и континуирано да ги анализира прашања од областа на здравството, да даде стручен придонес при подготовката на предлог-закони и подзаконски акти, како и стручни мислења и предлози во различни области од делокругот на работа на Министерството. Денешната дискусија беше иницијална, за повеќе различни аспекти кои во следниот период советот подетално ќе ги анализира. Уверен сум дека ќе имаме успешна и плодна соработка“, порача министерот Алиу.
Инаку, членови на Здравствениот совет се: проф.д-р Сашко Кедев, проф.д-р Марија Срцева, проф.д-р Азис Положани, проф.д-р Виктор Камнар, проф.д-р Светозар Антовиќ, проф.д-р Игор Кафтанџиев, прим.ас.д-р спец. Фадил Цана, спец.д-р Злате Мехмедовиќ, и доц.д-р Илир Вела. За претседател на Здравствениот совет е избрана проф.д-р Марија Срцева.
Слични новости
Саем за храна со домашни производи и специјалитети од сите региони во Македонија
Под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“, Саемот ќе ги промовира производите „Македонско најдобро“. Саемот за храна ќе понуди богат избор на свежо овошје и зеленчук, млечни производи, мед, преработки од овошје и зеленчук и вино.
Променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни. Се очекува и невреме со пообилен пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.
Побаран притвор за пет лица за поткуп, меѓу кои директорот на Платежната агенција и вработени во УЈП и МЗШВ
Дел од паричните средства кои биле дадени како поткуп, како што информираат од Обвинителство и МВР, во износ од 400 евра се пронајдени и одземени при вчерашниот претрес


