Менуваме и адаптираме законско решение за решавање на проблеми со тумор маркери за онколошки пациенти, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу, во изјава за медиуми, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со поплаки дека недостигаат тумор маркери.
Тој потсети дека тумор маркери освен на Oнкологија, има и на Биохемија и другите клиники во нашиот здравствен систем.
„За жал, исто така заради законски пречки знаете дека ако една процедура задоцни, вие законски не смеете да отворите друга или да забрзате. И затоа еден од законите во овие 12 закони што ги менуваме и адаптираме, едно од прашањето коешто ќе го решиме е буквално ова. Јас најавив пред неколку месеци дека ќе разгледуваме, постапките да почнуваат не три, туку шест месеци пред истекот на процесот, се со цел да имаме време да најдеме дополнително ако ни треба ре отворање на постапката, за да не стигнеме до вакви моменти кога заради административните процедури, пациентите ќе чекаат лекови“, појасни Алиу.
Во моментот, рече тумор маркерите можат да се процесираат на Биохемија како здравствена институција кај нас.
Одговарајќи на новинарско прашање околу случајот со директорот на Неврологија, министерот рече дека извештаите веќе се при крај.
„Постапките административно се завршени, но, треба во разговор, заедно со него да се седне, да се прочита наодот и после да излеземе во јавноста со тој извештај. Се уште е рано да излеземе во јавноста со информација“, додаде Алиу.
Слични новости
Саем за храна со домашни производи и специјалитети од сите региони во Македонија
Под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“, Саемот ќе ги промовира производите „Македонско најдобро“. Саемот за храна ќе понуди богат избор на свежо овошје и зеленчук, млечни производи, мед, преработки од овошје и зеленчук и вино.
Променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни. Се очекува и невреме со пообилен пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.
Побаран притвор за пет лица за поткуп, меѓу кои директорот на Платежната агенција и вработени во УЈП и МЗШВ
Дел од паричните средства кои биле дадени како поткуп, како што информираат од Обвинителство и МВР, во износ од 400 евра се пронајдени и одземени при вчерашниот претрес


