Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагира на изјавите на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, поврзани со проектот „Safe City“, оценувајќи ги како скандалозни и неприфатливи.

Од партијата соопштија дека ставот според кој СМС-пораките во рамки на системот „Safe City“ треба да се испраќаат само на македонски јазик, додека можат да се испраќаат и на англиски, но не и на албански, претставува дискриминација и кршење на духот на Уставот.

Од владејачката коалиција ВЛЕН пак порачаа дека овој состав на Уставниот суд повеќе наликува на југословенската политичка елита, отколку на највисоката судска инстанца. Тие велат дека употребата на албанскиот јазик е основно човеково право.

Слични новости

Обвинителството поднесе кривични пријави за сопствениците на АСД метал груп, одговорни за пожарот во Визбегово

Јавното обвинителство поднесе кривични пријави против три лица, директорката на АСД метал груп, неформалниот сопственик на компанијата и уште едно лице. Обвинителството ги товари за Загрозување на животната средина и природа со отпад, дело за кое може да добијат до 10 години затвор.