Германија влегува во зимата со рекордно ниски нивоа на гас во своите складишта, поради што е загрозена сигурноста на испораката на гасот во случај на влошување на временските услови, соопшти Асоцијацијата на оператори на системот на складишта на гас.
Во сезоната 2026/2027 Германија влегува со историски најниско ниво на исполнетост на складиштата на гас од само 61 насто, што е за девет проценти помалку од потребниот минимум кој изнесува 70 насто.
Слични новости
Цените на дизелот ќе останат високи поради послабиот капацитет на рафинериите
Цените на дизелот ќе останат високи до крајот на годината, затоа што ограничените капацитети на рафинериите тешко можат да одговорат на обновата на потрошувачката и исцрпените залихи, оцени американската инвестициска банка Голдман Сакс.
Американските берзански индекси С и П 500 и Насдак на нови историски максимуми
Индексите пораснаа поддржани од силниот раст на технолошките компании и падот на приносот од американската државна обврзница, пренесе Си-Ен-Би-Си.
Нафтата Брент околу 100 долари за барел, по новите нестабилности на Блискиот исток
Цената на меѓународната референтна нафта Брент денеска повторно се тргува за околу 100 долари за барел, откако во претходната сесија падна на 98 долари за барел.


