Акциите на компаниите од одбранбената и воената индустрија денеска драматично пораснаа по американскиот напад врз Венецуела.
На берзите се проценува дека драматичното соборување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро навестува значаен геополитички пресврт кој долгорочно ќе ја поттикне трговијата со оружје, пренесе ЦНБЦ.
Германскиот производител на оружје Рајнметал доби на вредност повеќе од осум насто, додека акциите на германскиот Хенсолдт специјализиран за воена технологија скокнаа за седум проценти.
Акциите на италијанскиот Леонардо пораснаа за над 5 проценти, а шведскиот производител на борбени авиони Сааб е посилен за шест проценти.
Во Азија јапонскиот ИХИ го предводеше порастот на акциите на азиските одбранбени компании за 9 насто, а зад него се Мицубиши и Кавасаки чии акции пораснаа за осум насто.
Големите американски производители на воени авиони Локид Мартин и Нортроп Горман добија на вредност од околу два насто.
Слични новости
Бројката на новоотворени работни места во САД во декември падна за 386.000
Бројката на новотоворени работни места во САД во декември падна за 386.000 на 6,5 милиони, објави денеска Американското биро за статистика на трудот. Тоа е најголем пад од септември 2020 и е значајно под пазарните очекувања
Европските берзански индекси во пад
Европските и американските берзански индекси денеска се во пад, додека берзите ги анализираат извештаите за добивките на големите компании и банките на крајот од неделата.
Крах на криптовалутите на берзите
Во четвртокот биткоинот падна за повеќе од 12% на под 64.000 долари ниво кое не е видено од октомври 2024 година. Други популарни криптовалути како Етер и Солана исто така се во пад. Солана, во моментов достигна најниска вредност за последните две години.


