На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 07:30 часот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според информациите на ЦУК, активен е пожарот на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково, на потегот од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон Палиград, како и над селото Вражале, каде е зафатена мешана шума.
Активен пожар има и во гостиварското село Трново, каде гори мешана шума, како и над селото Нежилово во Општина Чашка, каде се зафатени смреки.
Под контрола е ставен пожарот кај кичевското село Тајмиште, на месноста Дарда, каде горела високостеблеста букова шума.
Во текот на изминатото деноноќие изгаснати се 25 пожари на различни локации низ државата.
Слични новости
Дождот престанува, но доаѓаат минусни температури
До крајот на денот врнежите од дожд низ Македонија ќе престанат, прогнозираат метеоролозите. Од утре времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност.
Марта Кос денеска ќе го престави пакетот за проширување на ЕУ
Европската комесарка за проширување, Марта Кос, денеска во Европскиот парламент ќе го претстави Пакетот за проширување на Европската унија за 2026 година.
Бугарија враќа 19 тони македонски јаболка
Бугарската агенција за безбедност на храната забранила увоз на пратка од 19.350 килограми јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестициди над максимално дозволените законски граници.


