На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 07:30 часот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информациите на ЦУК, активен е пожарот на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково, на потегот од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон Палиград, како и над селото Вражале, каде е зафатена мешана шума.

Активен пожар има и во гостиварското село Трново, каде гори мешана шума, како и над селото Нежилово во Општина Чашка, каде се зафатени смреки.

Под контрола е ставен пожарот кај кичевското село Тајмиште, на месноста Дарда, каде горела високостеблеста букова шума.

Во текот на изминатото деноноќие изгаснати се 25 пожари на различни локации низ државата.

 

Слични новости

ВМРО ДПМНЕ: Македонија со најниски цени на горивата во регионот

ВМРО ДПМНЕ: Македонија со најниски цени на горивата во регионот

Во Македонија литар бензин 95 се продава за 99 денари, додека цената по која се продава во Грција за 30% повисока и изнесува 129 денари, во Албанија со цена од 126 денари за 27%, понатаму во Србија за 108 денари, односно за 9%.

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување

Системот за заштита и спасување во Македонија не располага целосно со потребната подготвеност за навремено и ефикасно справување со катастрофи, покажува извештајот на Државниот завод за ревизија.