Американскиот актер Џејмс Рансон, познат по улогата на Зиги Соботка, пристаништен работник кој станува гангстер во серијата „Жицата“, почина на 46-годишна возраст, соопштија властите во сојузната држава Калифорнија.
Според Канцеларијата на судската медицина на округот Лос Анџелес, Џејмс Рансон изврши самоубиство во петокот.
Актерот, роден во Балтимор, градот каде што се одвива приказната за серијата „Жицата“, ќе остане познат по својата улога на Зиги Соботка, пристаништен работник кој станува дилер на дрога, во 12 епизоди од втората сезона на серијата.
Покрај телевизиските улоги, особено во серијата „Generation Killers“ во која играше капетан на морнарицата, актерот се појави и во хорор филмовите „It: Chapter Two“ (2019), „Black Phone“ (2021) и „Black Phone 2“ (2025).
Пред четири години, тој откри на својот Instagram профил дека бил сексуално нападнат во адолесценцијата. Тој објасни дека по нападот станал зависник, најмногу од алкохол и хероин.
Беше оженет и е татко на две деца.
Слични новости
Фаворит на доделувањето на Бафта наградите в недела „Една битка по друга“.
На церемонијата на доделување на наградите, на сцената ќе бидат и Оскароваците Барјан Кранстон, Килиан Марфи, Мајкл Б Џордан, Глен Клоуз и Патрик Демпси.
Холивуд се простува од легендарниот актер Роберт Дувал
Една од иконите на Холивуд Роберт Дувак, кој во кариерата имаше дури седум номинации за Оскар ќе остане запаметен по улогите на консилјерето Том Хејган во култните филмови Кум 1 и Кум 2 на Копола
ЕП ја оневозможи вештачката интелигенција на таблетите на пратениците поради безбедност
Европскиот парламент ги оневозможи функциите на вештачка интелигенција на таблетите што им ги доделува на пратениците, поради безбедност и заштита на податоците


