Крис Нот се најде во центарот на контроверзи кои еруптираа на социјалните платформи, по неумесните коментари на Инстаграм, откако Сара Џесика Паркер неодамна ја доби наградата Златен Глобус.
По прашината што се крена тој одговори дека нема намера да се вклучува во полемика со Сара Џесика Паркер и дека тоа пто се случува не е вредно за коментар.
Крис Нот кој го играше ликот на Мистер Биг во шесте сезони на серијата „Сексот и градот“ како партнер на колумнистката Кери Бредшо што ја играше Сара Џесика Паркер, се појави во истата улога години посоцна во спин офот на серијата „ And just like that“, но беше исфрлен од кастот по првата епизода, поради обвинувања за сексуално вознемирување.
Кастот од серијата се огради од Крис Нот, и застана на страната на жените што го обвинија дека сексуално ги вознемирувал.
Крис Нот категорично ги отфрли обвинувањата против него за сексуално вознемирување, но по скандалот. актерот кој се прослави во серијата „Закон и ред“ веќе не добива улоги во Холивуд.
Слични новости
Засилена безбедноста за Оскарите по иранските закани за напад врз Калифорнија
Продуцентите на спектаклот на доделувањето на наградите Оскар што ќе се одржи во недела вечер во Холивуд изјавија дека „сакаат сите да се чувствуваат безбедни и заштитени“ на церемонијата, откако ФБИ предупреди дека Иран планира да ја нападне Калифорнија со дронови.
Џејмс Камерон и Том Круз меѓу големите победници на годинашните награди Сатурн
Камерон рече дека американската фимска академија ги отфрла научно-фантастичните филмови, акциите и хорорите, но тие ги полнат кино салите и се миленици на публиката
Почина Тими Де Карло фронтменот на рок бендот „Бостон“
Томи Де Карло, фронтменот на американскиот рок-бенд Бостон, почина на 60-годишна возраст, од рак на мозокот. Музичарот почина само шест месеци откако му беше дијагностицирана болеста


