Актерот Кирил Поп Христов – Кили, кој почина вчера, ќе биде погребан во јужноамериканската држава Еквадор, каде живееше околу 12 години, информираше неговото семејство.

„Кили ќе биде погребан во Еквадор. Ќе почива во Мангларалто, покрај океанот“ – објави на социјалните мрежи неговата сопруга Гордана Деан Поп Христова, кореографката и професорка по современ танц, основач на балетското студио Ребис.

Таа соопшти дека Кирил Поп Христов – Кили починал мирно, во сон, од инфаркт.Гордана и Кили, заедно со нивната ќерка Јоана, се преселија во Еквадор во 2014 година.

 

 

Слични новости

Документарецот Меланија се прикажува и во „сините градови“ каде што има солидна гледаност

Документарецот „Меланија“ на режисерот Брет Ратнер, за кој студиото Амазон МГМ плати 75 милиони долари, неделава почна да се прикажува во 2.000 кино сали ширум Америка, вклучувајќи ги и „сините“ градови, како Њујорк, Лос Анџелес, Бостон, Чикаго, па дури и во Минеаполис.