Аналитичарите предупредуваат дека повеќе немири, хаотичен вакуум во власта, напади што би го прекинале производството или продолжено затворање на клучниот Ормутски теснец би можеле да ја зголемат цената на нафтата на 100 долари за барел или повеќе.

Доколку се оствари такво сценарио цените на бензинот би можеле да експлодираат. 

Иран игра клучна улога на глобалниот пазар на нафта. Тој е голем производител, контролира витален морски пат за транспорт на сурова нафта и ја извезува во земји со голема побарувачка, како што е Кина. Според податоците на ОПЕК, Иран има трети најголеми докажани резерви на нафта во светот.

Првично, по американските и израелските напади врз Иран цената на нафтата се зголеми за 8 долари по барел и сега изнесува 83 долари.

Слични новости

Цените на нафтата растат по обраќањето на Трамп до Американците

Цените на нафтата растат по обраќањето на Трамп до Американците

Цената на нафтата Брент повторно скокна и стигна до 107 долари по барел, што е раст повисок од 5 проценти во однос на вчерашниот ден, неколку часа откако американскиот претседател најави брзо завршување на војната со Иран