Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп нареди широка ревизија на статусот на сите бегалци кои влегле во земјата во времето на администрацијата на претходниот претседател Џо Бајден, според владин документ во кој увид имала агенцијата Reuters.

Наредбата се однесува на околу 200.000 бегалци кои пристигнале во САД во периодот меѓу 20 јануари 2021 година и 20 февруари 2025 година, според документ потпишан од Џо Едлоу, директорот на имиграциските служби.

 

Исто така, се наложива да се суспендира обработката на барањата за добивање дозволи за постојан престој за бегалците од ерата на Бајден.

Трамп го запре протокот на бегалци во САД кога ја презеде функцијата во јануари, што е остар пресврт во однос на миграциските политики кои ги водеше неговиот претходник од редовите на Демократската партија.

Во документот се наведува дека имиграциската служба ќе го поништи статусот на бегалците кои веќе се во САД доколку не ги исполнуваат условите за добивање на тој статус.

Дополнително, се проценува дека администрацијата на Бајден им дала приоритет на брзината на процедурите и бројот на примени бегалци во однос на квалитетот на интервјуата и деталната верификација.

globe

Слични новости

Трамп ја изостави Северна Кореја во својата безбедносна стратегија, можно обновување на дипломатијата

Трамп ја изостави Северна Кореја во својата безбедносна стратегија, можно обновување на дипломатијата

Новиот план на американскиот претседател Доналд Трамп за глобална безбедност повеќе не вклучува денуклеаризација на Северна Кореја, што ги поттикнува шпекулациите дека Вашингтон се стреми да ги зголеми шансите за дипломатски напредок со Пјонгјанг во 2026 година

Маск ја спореди ЕУ со нацистите, X го затвори рекламниот профил на ЕК

Маск ја спореди ЕУ со нацистите, X го затвори рекламниот профил на ЕК

Два дена откако Европската унија изрече голема казна на платформата X, социјалната мрежа ја затвори својата рекламна сметка на Европската комисија, а сопственикот Илон Маск ја спореди Унијата со нацистичка Германија