Адвокатот Тони Менкиновски изјави за ТВ 24 вели дека стартува со легална и легитимна правна офанзива пред надлежните домашни институции, како и пред релевантните меѓународни механизми за заштита на човековите права, со цел заштита на правото на одбрана и непречено вршење на адвокатската професија.
Македонската влада соопшти дека државата ќе ги искористи сите алатки кои и стојат на располагање за да го заштити секој македонски граѓанин, по забраната која адвокатот Тони Менкиновски ја доби за влез во Бугарија во времетраење од 10 години.
Германската влада соопшти дека мерки против адвокати кои ги застапуваат своите клиенти пред европски судови се неприфатливи во рамките на Европската Унија. Официјален став од засега Софија нема.
Слични новости
Вработените во Македонски пошти на протест
Празните сметки на над илјада вработени ја запреа работата на Македонски пошти. Синдикатот што го организира протестот велат дека ова не е прво доцнење на платите, ниту, пак, ќе биде последно доколку во најкраток можен рок не им бидат исплатени заработените средства.
„Safe City“ доби зелено светло од Собранието – Изгласани измените на Законот за прекршоци
Собранието денеска ги изгласа измените на Законот за прекршоци, со кои се овозможува целосно воведување на системот „Safe City“. „За“ гласаше 81 пратеник, додека 19 гласаа „Против“.

