Адвокатот Тони Менкиновски изјави за ТВ 24 вели дека стартува со  легална и легитимна правна офанзива пред надлежните домашни институции, како и пред релевантните меѓународни механизми за заштита на човековите права, со цел заштита на правото на одбрана и непречено вршење на адвокатската професија.

Македонската влада соопшти дека државата ќе ги искористи сите алатки кои и стојат на располагање за да го заштити секој македонски граѓанин, по забраната која адвокатот Тони Менкиновски ја доби за влез во Бугарија во времетраење од 10 години.

Германската влада соопшти дека мерки против адвокати кои ги застапуваат своите клиенти пред европски судови се неприфатливи во рамките на Европската Унија. Официјален став од засега Софија нема.

Слични новости

Зголемувањето на минималната плата на 600 евра ќе затвори многу дуќани, реагираат занаетчиите

Зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра ќе предизвика затворање на голем број на занаетчиски дуќани и отпуштање вработени, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје.