Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство изрекоа 22 казни во износ од околу 40 000 евра, по спроведените вонредни надзори  во маркети и хипермаркети. Како што се наведува во соопштението на АХВ, во акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, се контролирани 188 оператори со храна од оваа категорија.

„Кај 10 оператори се утврдени полесни повреди од областа на безбедноста на храната, какоо неселектираност на разладните уреди, нејасни и нечитки декларации на производите и слично, за што се изречени мерки опомена, а во 2 маркета е констатирано дека вработените лица немаат санитарни книшки“ соопштени Агенцијата.

Оттаму додаваат дека кај 6 од контролираните меркети е утврдено дека немаат имплементирано процедури за примена на правилата на добра призводствена и добра хигиенска пракса, а кај 14 маркети затекната била храна со изминат рок на траење.

Како небезбедени се одземени и нештетно уништени над 253 килограми храна – месо и преработки од месо, млечни, кондиторски и други видови производи.

 

Слични новости

„Стоп за Усје“ ја обвини општина Кисела вода дека намерно крие колку загадува Усје

„Стоп за Усје“ ја обвини општина Кисела вода дека намерно крие колку загадува Усје

Граѓанската иницијатива одржа прес-конференција пред Општина Кисела Вода, посочувајќи дека од Општината добиле лажни информации во врска со мерната станица која Општината ја постави во Усје.

ССМ со блокада на Владата бара поддршка за предлогот 600 евра минималец

ССМ со блокада на Владата бара поддршка за предлогот 600 евра минималец

Нова блокадата и нов протест пред генерален штрајк. Сојузот на синдикатите на Македонија денеска во 11 часот ги блокира вратите на Владата со исто барање, поддршка за предлогот за 600 евра минималец и сто евра раст на останатите плати