Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, со критика се осврна на состојбата во правосудниот систем, но и на односот на премиерот Христијан Мицкоски кон Обвинителството.

Агелер потсети дека САД до сега инвестирале „половина милијарда евра“ во судството, но резултатите не се на ниво на очекувањата.

 

„Воопшто не ми се допаѓа состојбата во судството. Сакам да видам помалку зборување од страна на премиерот, а повеќе дејствување во рамките на судството“, порача Агелер.

Таа појасни дека, иако премиерот не треба директно да избира обвинители, има политичка одговорност да обезбеди функционален систем.

„Политичарите зборуваат за многу работи – тоа е дел од нивната улога. Но на крајот, кога се гледаат резултатите, се заклучува дека има застој“, рече Агелер.

globe

Слични новости

Понеделник – Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповест

Понеделник – Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповест

Министерство за труд и социјална политика соопшти дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија, 19 јануари 2026 година – Богојавление (Водици) е неработен ден за граѓаните од православната вероисповест.

Втор починат од грип во Македонија

Втор починат од грип во Македонија

На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 69-годишен маж од внатрешноста, откако неговата состојба се искомплицирала по инфекција со инфлуенца А.