Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува сериозна загриженост поради првостепената судска пресуда од 12 јануари годинава против новинарката Лиридона Вејсели, за „злоупотреба на лични податоци“ во врска со објавување име и презиме на судија на социјалните мрежи Инстаграм и ТикТок.

Ваквата одлука испраќа негативна порака во однос на слободата на изразување и медиумските слободи. Кривичното гонење на новинари за објавување податоци за носители на јавни функции во контекст на извршување на нивната професионална работа, создава притисок врз медиумите и го ограничува правото на јавноста да биде информирана.

Сите релевантни чинители треба активно да придонесат кон обезбедување услови за непречено остварување на слободата на изразување и информирање, како и за заштита на новинарите и медиумските слободи, се вели во соопштението на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Слични новости

Влен се транформира од коалиција во единствена политичка партија

Влен се транформира од коалиција во единствена политичка партија

Од коалицијата ВЛЕН соопштија дека по 9 мај ќе започне ново политичко преструктуирање во албанскиот политички блок. Петте политички субјекти од кои е составен ВЛЕН ќе дејствуваат како една политичка сила, откако од 9 мај ВЛЕН ќе се трансформира во политичка партија.

Филипче го обвини ВМРО-ДПМНЕ за падот во слободата на медиумите, од влајеачката партија му одговорија дека тој се кара со сите медиуми

Филипче го обвини ВМРО-ДПМНЕ за падот во слободата на медиумите, од влајеачката партија му одговорија дека тој се кара со сите медиуми

Со Мицкоски Македонија падна за 3 места во Индексот за слобода на медиуми на Репортери без граници. Сега сме во групата земји со „проблематична состојба“. Ова е уште еден доказ како Орбановата медиумска мрежа во служба на Мицкоски „исполнува“ една од клучните реформски точки за ЕУ – слобода на медиуми